Куп 2023: Во една вечер можно е во Аеродром да се слават два шампионски пехари

фото: kfsm.mk

Во финалните пресметки, МЗТ Скопје Аеродром може да биде првиот клуб со титули во машка и женска конкуренција. Во кошаркарскиот Куп на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ кој се организира во СРЦ „Кале“, мажите денеска во финалето ќе играат со Феникс 2010, а жените против Баскет Кам 2011.

Машкото куп финале ќе се игра од 19.30 часот, кошаркарите на МЗТ Скопје се големи фаворити во дуелот со Феникс 2010 и ќе се обидат да избегнат сценарио како она од минатата година кога исто така беа видени освојувачи на пехарот, но на крајот загубија од ТФТ. Доминацијата што ја покажа шампионот во полуфиналето, исто против ТФТ, одамна не е видена во домашната кошарка и доколку аеродромци успејат да го повторат тоа издание, пехарот сигурно ќе се врати во Аеродром по пауза од една година.

Играчите на Феникс 2010 веќе го остварија она по кое што дојдоа на завршницата од Купот. Но, кога се веќе на последното скалило, ќе се обидат да го искористат тоа и да направат нова сензација. Засилен со неколку одлични и искусни кошаркари како Трајковски кој е во одлична форма, Феникс 2010 покажа дека може да игра против секого, па зошто да не и против најсилната кошаркарска екипа во нашата земја.

Претходно од 16.30 часот ќе се игра женското куп финале, МЗТ Скопје Аеродром не е фаворит против Баскет Кам 2011, но по вчерашното издание против Вардар, може да направи изненадување.

Играта МЗТ Скопје воглавно се сведува на американските кошаркарки Ли и Симонс, па се очекува целиот фокус ќе биде насочен кон нив. Доколку тие имаат свој ден, како вчера против Вардар и постигнат 60 поени, нема да биде изненадување ако дамите од Аеродром го освојат пехарот.

Баскет Кам 2010 знае како се освојуваат трофеи во Купот, и тоа е доста голема предност. Екипата од Македонска Каменица, макар и ослабена со неиграњето на Димова, ќе брка хет-трик во ова натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот