Куп на Македонија – жени: Дебитантките на МЗТ ќе играат финале против Баскет Кам

Фото: КФСМ

Во Купот на Македонија, „Благоја Георгиевски – Буштур“ го добивме женското финале во кое за трофејот ќе се борат Баскет Кам 2011 и ЖКК МЗТ Скопје.

МЗТ доминира во машката кошарка, но женскиот тим кој се формира пред некоја година за првпат ќе игра едно финале и победата против ЖКК Вардар од 57:73 денес секако е изненадување.

Не изгледаше дека ќе видиме изненадување кога на почетокот на натпреварот по првата четвртина Вардар поведе со 20:8. Кошаркарките на МЗТ кои дебитираат на овој турнир имаа притисок во тој период, а како што одминуваа минутите стануваа се подобри и подобри. До полувремето предноста на вардарки се намали на 34:26.

Во вториот дел МЗТ заигра уште подобро и предводени од Оливија Ли и Џои Симонс полека го свртеа натпреварот. Набрзо во третиот период стигнаа до водство 41:48, а од тој момент се што направи Вардар беше да се доближи на само „минус два“ повеќе не можеа.

Американките Џои Симонс и Оливија Ли заеднички искомбинираа 60 поени, Ли го заврши натпреварот со 32, Симонс постигна 28. Во редовите на Вардар Славица Наков постигна 22 поени.

Во претходниот натпревар Баскет Кам славеше против Бадел и утре од 17:00 часот ќе го гледаме финалето помеѓу како што споменавме Баскет Кам и дебитантот МЗТ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот