Куомо против отворање на училиштата: Може само ако постои паметен план

Во американската држава Њујорк 107 училишни окрузи не доставиле планови за повторно отворање на училиштата, изјави денеска гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо.

– Ако не го достават планот до петок, нема да можат да отворат, рече тој.

Куомо изјави дека окрузите може да ги отворат училиштата поради фактот што нивото на пренесување на коронавирусот во Њујорк е едно од најниските во САД, објави Си-Ен-Ен.

Сепак, тој потенцираше дека тие ќе бидат отворени само доколку понудат паметен план.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот