Кумановец останал без пари и без огревно дрво

Кумановец бил измамен за 200 евра за купување огревни дрва, соопшти денеска СВР Куманово. Шеесетиседум-годишниот маж го пријавил случајот вчера во 17.45 во кумановската полиција, укажувајќи дека бил измамен од едно лице за сума од 200 евра.

– Според пријавеното, лицето му понудило огревни дрва и откако се договориле заедно се упатиле на местото каде наводно биле складирани. Откако пристигнале лицето му кажало дека ќе се врати, само да му донесе испратница, но отишло во неговата куќа и од неговата сопруга ги побарало парите – информираат од СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот