Културниот простор за млади „Јуроп хаус“ во Крива Паланка го одбележа својот трет роденден

Амбасадорот Дејвид Гир со млади креативци во „Јуроп хаус Крива Паланка“

Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија, на 19 февруари престојуваше во Крива Паланка по повод одбележувањето на третиот роденден на тамошната „Јуроп хаус“.

На настанот биле организирани еднодневни роденденски активности во контекст на 2024 година, како Европска година на вештини. Младите од Крива Паланка, Куманово, Ранковце, Липково и Кратово ги прикажале своите иновативни проекти на базарот на младински иновации и вештини во „Јуроп хаус Крива Паланка“.

Проектите ја комбинираат роботиката со STEM (наука, технологија, инженерство, математика), Лего, уметност и вештачка интелигенција. Тие ја истакнале креативноста на учениците и вештините за решавање проблеми во областа на технологијата, еколошката одржливост, гастрономијата и музиката.

„Јуроп хаус Крива Паланка“ е основана од Делегацијата на Европската Унија во услови на пандемија во 2021 година. Оттогаш, ова „место на новата генерација“ ги обедини младите од Крива Паланка и од соседните општини од северо-источниот регион. Над 22.000 учесници учествувале на околу 530 настани што беа организирани во изминатите три години. Од нив, 177 настани и 6.154 учесници се однесуваат само на 2023 година.

„Јуроп хаус Крива Паланка“ е првото „место на новата генерација“ основано надвор од Скопје, а речиси веднаш следеше Струмица (февруари 2021 година). Две нови „Јуроп хаус“ беа отворени минатата година во Битола (мај 2023) и Велес (јуни 2023).

Градовите Струга и Тетово се придружуваат на мрежата веќе на почетокот на 2024 година, со што ќе се комплетира мрежата од седум „Јуроп хаус“ рамномерно распоредени низ државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот