Кривична за полицаец кој си присвојувал службено оружје

Фото: Илустрација

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Д.(29) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „послужување во службата“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Извршен е претрес во неговиот дом, при е пронајдена и одземена службена легитимација, 26 куршуми калибар 9мм., 13 куршуми калибар 7,62 мм., тромблонски додаток за автоматска пушка, заштитен шлем со визир, пиштол и радио врска, кој истиот неовластено ги поседувал.

-На 06.12.2019 на ул.„Бетовенова“ во Струмица, во домот на пријавениот полициски службеник, полициски службеници извршиле претрес, при што пронашле и одзеле службена легитимација, 26 куршуми калибар 9мм., 13 куршуми калибар 7,62 мм., тромблонски додаток за автоматска пушка, заштитен шлем со визир, пиштол и радио врска, кој истиот неовластено ги поседувал- наведуваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот