Кривична пријава за вработен во Матично кој ја злоупотребил службената положба

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вработен во Управата за водење на матични книги ја злоупотребил службената положба и без писмено Барање за издавање Извод од матичната книга на родени и без доказ за уплатена административна такса за издавање Извод, изготвил и издал Извод од матичната книга на родени за нивното малолетно дете, во кој внел податоци од друго малолетно дете.

-Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.Н.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” и „фалсификување службена исправа” и против Б.Х.(30) и Ш.Х.(29), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”. Тие по претходен договор, на 4 ноември 2021 година го сториле кривичното дело, информира Министерството за внатрешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот