Кривична пријава за фирма од Велешта и вработени за кражба на дрва

Дрва за огрев Фото: Арбнора Мемети

 Педесет годишен жител од струшкото село Велешта и четворица албански државјани добија кривични пријави поради кражба на дрва.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека Одделението за внатрешни работи од Струга поднело кривична пријава против Е.Ќ.(50) од струшкото село Велешта и против неговото правно лице со седиште во истото село, како и против албанските државјани Л.Д.(21), О.Д.(25), М.К.(45) и Ф.М.(31).

– При контрола извршена на 8 август годинава во месноста „Балески лазој” атар на струшкото село Лабуништа, полициски службеници ги затекнале албанските државјани во бесправна сеча на букови дрва и притоа констатирале дека нелегално биле ангажирани за работа од сопственикот на правниот субјект, појасни Димоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот