Кривична пријава против две лица од Куманово вработени во АД „Водостопанство“- Слободен печат
Хроника

Кривична пријава против две лица од Куманово вработени во АД „Водостопанство“

Причината за тоа е поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(44) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против С.Ѓ.(62) и С.Л.(36), двајцата од Куманово,

Причината за тоа е поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.

Во текот на 2016 и 2017 година второпријавената, како раководител во АД „Водостопанство“ – подружница Куманово, по претходно распишан тендер за набавка на ХТЗ опрема, во пет наврати изготвила лажни приемници за набавена ХТЗ опрема од фирма од Куманово, по што првопријавениот, како директор на наведената подружница, ги одобрил фактурите за набавената опрема доставени од наведеното правно лице.

По ова, второпријавената и третопријавениот, како раководител во наведеното акционерско друштво, по укажување од првопријавениот, изготвиле лажни списоци и испратници за задолжување на набавената ХТЗ опрема на вработени во наведеното акционерско друштво.

Со ова пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 732.799 денари на штета на АД „Водостопанство“ Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close