Крис Мартин ја запроси Дакота Џонсон по шест години љубов: Со благослов на Гвинет Палтроу

Foto: ZIllow via The Grosby Group / Grosby Group / Profimedia

Холивудската актерка Дакота Џонсон (34) наскоро ќе се омажи за пејачот Крис Мартин (47), фронтменот на групата „Колдплеј“, пренесува британски „Мирор“.

Мартин ја запросил Џонсон и има целосен благослов од неговата поранешна сопруга Гвинет Палтроу и нивните деца Епл и Мозес.

– Тие се свршија пред извесно време и во тајност. Тие се опседнати еден со друг уште од првиот ден, така што овој следен чекор беше неизбежен. Тие не брзаат да планираат венчавка, туку само уживаат во тоа што ја официјализираа својата врска – рекол извор близок на парот за  „Мирор“.

Крис Мартин и Дакота Џонсон се заедно од 2017 година, а накратко раскинаа во 2019 година.

Дакота, инаку, ги подгреа гласините за свршувачка уште во 2020 година, кога се појави со голем смарагден прстен на левата рака, но не ги коментираше гласините.

Foto: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia

Дакота е во одлични односи со Гвинет Палтроу, поранешната сопруга на Крис и мајка на неговите деца Епл (19) и Мозес (16), а неодамна зборуваше и за тоа колку ужива во улогата на маќеа.

– Ги сакам тие деца како мојот живот да зависи од тоа. Со цело срце – изјави ѕвездата на филмот „50 нијанси сиво“.

Таа изгради блиско пријателство со Гвинет и истакна дека семејството што го избираме е „подеднакво важно, ако не и поважно“ од она во кое сме родени.

Дакота додаде и дека е отворена за тоа и самата да стане мајка.

– Стигнав до фаза кога сакам да искусам сè што може да ми понуди животот. Особено тоа што сум жена… Каква магична работа е тоа! Какво лудо, магично, диво искуство. Ако ми е судено тоа да ми се случи, јас сум целосно за тоа – објаснила таа.

ФОТО+ВИДЕО | Дакота Џонсон за децата на Крис Мартин: Ги сакам со сето мое срце, но сакам да имам и свои

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот