Крис Браун повторно обвинет за физичко злоставување на жена
Музичарот Крис Браун повторно се соочува со обвинувања за физичко злоставување.
Портпаролката на полицијата во Лос Анџелес, Лизет Ломели, за „Us Weekly“ потврди дека Браун е под истрага за физички напад на жена кој се случил на 18 јуни за време на наводна расправија. Идентитетот на жртвата не е познат.
View this post on Instagram
„Жената рече дека таа и осомничениот се расправале и во еден момент тој ја удрил. Извештајот за телесни повреди е завршен“, изјави портпаролката. Во моментов не е познато колку е сериозна повредата и дали е виновен Браун.
View this post on Instagram
Браун ѝ е познат на јавноста по својата историја на насилство врз жени. Да потсетиме, тој во 2009 година брутално ја истепа неговата тогашна девојка, пејачката Ријана, ноќта пред доделувањето на Греми наградите.
I forgot how bad Rihanna's injuries were before i seen this earlier pic.twitter.com/BDTfBeFn
— Sean Scoular (@ScoularSean) August 21, 2012
Браун рече дека работите се искомплицирале кога ѝ признал на Ријана дека има афера со друга девојка, за која претходно тврдел дека никогаш не била со него. Потоа следела бурна расправија која завршила со физички пресметки.
Раперот во тоа време тврдеше дека пејачката манијакално го удирала и навредувала, се додека не изгубил контрола и ја удрил со тупаница. Тој ѝ ја пресекол усната, а таа наводно му плукнала крв во лицето, што дополнително го налутило.