Кралот Чарлс спремил остра казна за Хари поради откривањето на семејните тајни

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Принцот Хари би можел да биде исфрлен од официјалниот протокол на крунисувањето на кралот Чарлс Трети, пишуваат британските медиуми. Причината за тоа се голем број „скандалозни“ откритија од неговите мемоари, кои ќе бидат објавени во текот на неделата.

Во својата нова автобиографија, наречена „Spare“ (Резерва), Хари изнесе низа тврдења и обвинувања на сметка на својот брат и татко, нарекувајќи го принцот Вилијам свој непријател. Тој, исто така, го обвини својот татко дека е загрижен дека ќе биде засенет од моќта на Меган Маркл како холивудска ѕвезда.

Од кралското семејство досега сѐ уште не се огласиле за мемоарите на принцот Хари, но британските медиуми објавија дека, сепак, ќе има последици по принцот поради сѐ што е наведено во книгата и дека тој ќе биде изоставен од крунисувањето на кралот Чарлс Трети, кое е закажано за мај.

Веста за неговото „отстранување“ од церемонијата доаѓа откако принцот се појави на британската телевизија ИТВ каде зборуваше за вината што ја чувствувал по смртта на неговата мајка, принцезата Дијана.

„Принцот Хари е изоставен од сценариото за крунисување, без официјална улога во службата доколку присуствува“, а се наведува и дека Чарлс ќе ја прекине традицијата на кралските војводи да клечат и да оддаваат почит, па само Вилијам ќе ја има таа улога.

ВИДЕО+ФОТО | Вилијам и Хари повторно еден покрај друг: Кејт и Меган во црно од глава до пети

„Тој е љубоморен на мојата волшебна Меган“: Принцот Хари го обвинува својот татко, кралот Чарлс

ВИДЕО | Принцот Хари: Си ги сакам брат ми и татко ми назад

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот