Кралицата бара Меган и Хари да се вратат во Британија: Оваа понуда нема да може да ја одбијат!

За кралицата Елизабета и нејзиното семејство 9 март е многу важен датум, затоа многумина се убедени дека нејзиното барање Хари и Меган нема да можат да го одбијат.

Принцот Хари и Меган Маркл откако се преселија во Канада, добија понуда од кралицата Елизабета на почетокот на март да дојдат во Велика Британија по повод одржувањето на Денот на Комонвелтот.

На тој ден се собираат сите членови на кралското семејство каде главниот збор го има токму поглаварката на англиската црква – кралицата Елизабета.

Profimedia

На 9 март јавноста конечно би можела да го види „побегнатиот“ кралски пар, кој пред 2 месеци ја шокираше јавноста со својата одлука за напуштање на монархијата, пренесува Tportal.

За Елизабета и нејзиното семејство 9 март е многу важен датум, затоа многумина се убедени дека ова барање Хари и Меган нема да можат да го одбијат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот