Кралицата Софија: Поради сопругот се откажа и од православието

Фото: AlterPhotos/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Животната приказна на шпанската кралица Софија, чиј сопруг ја изневерувал со кого стигнал е неверојатна и потсетува на филм.

Поранешниот шпански крал Хуан Карлос, особено е познат по неговиот промискуитетен начин на живот. Тој имал љубовници со кои ја изневерувал кралицата Софија, која за него се откажала од сѐ.  Хуан Карлос абдицира во 2014 година, поради скандалите со кои се најде во центарот на вниманието на јавноста. Пред неколку години беше објавена книгата „Хуан Карлос: кралот со 5.000 љубовници“, во која се дадени деталите за неговиот бурен вонбрачен живот. Во објавената книга се тврди дека Хуан Карлос многу ги менувал љубовниците и спиел со речиси 5.000 жени.

Деталите од неговиот живот им се познати на сите, додека за тоа време кралицата Софија водеше тивок живот воспитувајќи ги децата.

Фото: Eric Vandeville / akg-images / Profimedia

Софија го запознала Хуан Карлос од Шпанија, нејзиниот далечен братучед од татковата страна, на крстарење околу грчките острови во 1954 година. Потоа, повторно се сретнале на венчавката на војводата од Кент во Британија во 1961 година, а веќе следната година парот се венчал. За да ја добие наклонетоста на Шпанија, кралицата Софија преминала од православие во католицизам и со тоа се откажала од правото на грчкиот трон. Исто така, се сменила и вообичаената латинизација на нејзиното име „Sofία“, па наместо претходната „Sophia“ се сменило во „Sofía“ .

Нивниот брак никогаш не се сметал за среќен бидејќи Хуан Карлос со години имал афери за кои се зборувало во Шпанија, а извесен период низ медиумите кружела гласина дека ја изневерувал сопругата со околу 5.000 жени. Го нарекуваат и крал на љубовниците, зошто се пишувало дека за само шест месеци имал 62 љубовници, додека во периодот од 1976 до 1994 година спиел со 2.154 жени. Биографката на шпанското кралско семејство Пилар Ејре ја потврди изјавата на Мартинес Инглес дека поранешниот крал се обидел да има сексуални односи со принцезата Дијана кога таа имала само 25 години.

Шеесетите беа особено бурни за Софија, која на крајот на деценијата стана принцеза на Шпанија, а нејзиниот сопруг, Инфантот Хуан Карлос, ја доби титулата принц на Шпанија од франкоистичките власти. Хуан Карлос се го презема кралскиот трон во 1975 година, по смртта на Франциско Франко, а поранешната грчка принцеза Софија  стана шпанска кралица. Опкружен со скандали, Хуан Карлос абдицира во корист на својот син во 2014 година, а со тоа го изгуби имунитетот загарантиран од шефот на државата со шпанскиот устав. Медиумите шпекулираа каде е Хуан Карлос, некои веруваа дека е во Доминиканската Република, некои веруваа дека е во блискиот Есторил во Португалија, каде што бил во егзил како дете. Иако тој заминал, Софија разочарана од нивниот брак и понижување реши да остане во Шпанија.

Фото: Europa Press/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Таа го продолжи својот живот во кралската палата Зарзуела, а повремено ја гледаме во друштво на нејзиниот син, кралот Фелипе, снаата Летиција со која исто така има многу турбулентни односи и внуките Леонор и Софија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот