Ковачевски не открива дали токмат европско знаменце за 60-часовна работна недела за коридорите

Димитар Ковачевски, премиер на РСМ.Фото: МИА

Премиерот Димитар Ковачевски не прецизира кои ќе бидат следните чекори на власта откако денеска беше откажана собраниската Комисија за труд и социјала на која требаше да почне амандманската расправа за измените на Законот за работни односи, за кои опозициските Левица и ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 1.111 амандмани. Премиерот не одговори дали по амандманската блокада од опозицијата власта ќе ги повлече измените на Законот за работни односи и ќе го достави со европско знаменце.

„Целта на законски измени е овозможување на што поефикасно спроведување на изградба на коридорите 8 и 10д. Пратениците го донесоа специјалниот закон и подоцна за забрзување на постапките во делот на градежништвото, пратениците поднесоа закони, кои за жал, партија која е против сите стратешки инвестиции во државата поднесе амандмани со кои се одолжува расправата. За тоа кои ќе бидат наредните чекори кои ќе овозможат поефикасно градење на овие стратешки проекти ќе бидете благовремено информирани. Определбата на Владата и на мнозинството е тоа да биде направено во интерсе на институциите и на граѓаните и на компаниите за кои се прават овие коридори“,  вели Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот