ФОТО | Ковачевски: Ако Данела е примерот за добар кадар на ВМРО, замислете што ќе биде ако Гордана е претседателка на државата

Димитар Ковачевски на митингот во ЦентарФото: ''Слободен печат''/ Драган Митрески

„Од другатата страна гледаме дека ништо не е променето. ВМРО-ДПМНЕ е истата партија од минатото, со истите луѓе. Со нив, не е можна никаква позитивна промена. Напротив, само враќање назад во мрачно минато. Она што се случува во Скопје откако власта ја презеде ВМРО-ДПМНЕ е најголема потврда што се случува кога ДПМНЕ е власт. Ветуваа модерно Скопје a испорачаа запустено Скопје, град полн со ѓубре, со јавни претпријатија потонати во долгови и хаос во јавниот превоз. После Скопје 2014 му приредија уште една катастрофа на главниот град. Е тоа е ДПМНЕ. Ама граѓаните гледаат и паметат,“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанскиот митинг во Општина Центар во Скопје.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Тој посочи дека, како што ВМРО-ДПМНЕ ја шетале нивната кандидатка за локалните избори низ Скопје така денеска ја шетаат и кандидатката за претседател. И дека тоа нема никаква разлика.

„Ако Данела е примерот за добар кадар на ВМРО, замислете што ќе биде ако Гордана е претседателка на државата. Не смееме да дозволиме да направат уште една грешка со која ќе изгубиме сите,“ рече Ковачевски.

Стево Пендаровски
Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Тој посочи дека со ДПМНЕ единствено е можно само враќање назад во изолација и во темно минато, многу далеку од Европа. Според Ковачевски така земјата нема да се помрдне ни милиметар кон Европа, а за неуспехот ќе ги обвинуваат сите, и на крај и ЕУ.

„ДПМНЕ не ги исполнува ветувањата, а потоа други им се криви. Со ДПМНЕ единствено е можно само враќање назад во изолација и во темно минато, многу далеку од Европа. Земјата нема да се помрдне ни милиметар кон Европа, а за неуспехот ќе ги обвинуваат сите, и на крај и ЕУ,“ порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Тој им порача на граѓаните дека, сите заедно можат да го спречат тоа.

„Со глас за членство во ЕУ, за слобода и демократија со Коалицијата за европска иднина и глас за нашиот претседател Стево Пендаровски. Гледам вчера, Мицкоски прашува кај сум бил? Пред малку бев во Карпош, сега сум во Центар, вчера бев во Аеродром, пред тоа во Кисела Вода, а пред тоа во Сарај, во Сопиште, утре во Македонски Брод. Јас не ја кандидирав тетка ми Жана за претседател на Македонија, па да морам да ја шетам по цела Македонија, јас го кандидирав Стево Пендаровски, човек подржан од граѓаните, од политички партии, од невладини организации, од лекари, од наставници, од земјоделци, од работници, човек подржан од Македонија, затоа што Стево Пендаровски е нашиот и ќе продолжи да биде нашиот претседател,“ истакна Ковачевски.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Тој порача дека на граѓаните им треба држава која ќе ја води претседател. И дека на 24 Април, во првиот круг на претседателските избори, ќе го видат одговорот на граѓаните,а тоа ќе биде дека граѓаните сакаат претседател кој ќе ги однесе во Европската Унија.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

„На 8 Мај, граѓаните ќе изберат европска коалиција, коалиција за европска иднина, која заедно со европски претседател, ќе формира европска влада која до 2030 година ќе обезбеди европска иднина на Македонија,“ посочи Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот