Ковачев: Наместо „бугарски фашистички окупатор“, на спомен плочите да пишува „германски нацистички окупатор“

Бугарскиот Европратеник Андреј Ковачев на Фејсбук предложи сите плакети и споменици на кои пишува „бугарски фашистички окупатор“ во Македонија да се да се сменат во „германскиот нацистички окупатор на Кралството Југославија и привремената бугарска администрација составена главно од Македонци“.

„Очигледно за многу наши соседи во Скопје, митовите за комунистичкиот отпор се основа за нивниот „етнички идентитет“. Затоа, за да ги „зачуваме“ митовите за „првата пушка“ и целата митологија, но и да бидеме барем малку пообјективни кон историските факти, предлагам на владата во Скопје сите плакети и споменици на кои пишува „бугарски фашистички окупатор“ да се сменат во „германскиот нацистички окупатор на Кралството Југославија и привремената бугарска администрација составена главно од Македонци“.

За да се избегне гневот, можат да се направат неколку споменици во западна Македонија на „италијанскиот фашистички окупатор“.

Јас дури предлагам темата да се дискутира со германските власти што е можно побрзо, со цел да се покријат трошоците за замена на стотиците споменици и плакети низ цела Македонија“, напиша Ковачев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот