Костадиновска-Стојчевска се сретна со албанската колешка Маргарити: Ја продолжуваме соработката во борбата против трговијата со артефакти

Фото: Министерство за култура

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска се сретна со колешката од Албанија, Елва Маргарити, по повод првата рестритуција и враќање на незаконски изнесеното културно наследство од Македонија кое беше пронајдено во Албанија.

Како што соопштија од Министерството за култура, на средбата се зборувало за целата процедура и за успешното враќање на незаконски изнесеното културно наследство од Македонија, резултат на блиската и интензивна соработка меѓу двете држави.

–Успешната соработка е потврда за пријателството и довербата што ги негуваме како министерства за култура на Северна Македонија и на Албанија – рече Костадиновска-Стојчевска, потенцирајќи ги добрата волја и посветеноста од двете страни за заштитата и промоцијата на заедничките културни обележја.

Костадиновска-Стојчевска и Маргарити ги размениле искуствата и околу актуелните прашања и процеси во нивните ресори, а посебен акцент бил ставен на следните чекори во спроведувањето на заедничката агенда за заштита на Охридскиот Регион при спроведување на препораките од УНЕСКО.

– Ќе продолжиме со зацврстување на соработката меѓу нашите две земји во областа на културата, зачувувањето на наследството и бескомпромисната борба против нелегалното движење на нашето материјално културно богатство – посочи на средбата Маргарити.

Министерката Костадиновска-Стојчевска порачала дека во духот на добрососедските односи и на мултикултурализмот, како основа на нашите регионални политики, ќе се унапредува соработката, најавувајќи ја нејзината идеја и иницијатива за потпишување Меморандум за разменување стручен кадар, искуства и знаење меѓу уметниците и институциите помеѓу државите од Западен Балкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот