Косовскиот премиер, Албин Курти, ќе се сретне денеска со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и со шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, со кого ќе одржи и прес конференцијата.
Курти доаѓа во пресрет на евентуална нова рунда на преговори со Србија во рамките на дијалогот Белград – Приштина, дијалог кој за сега во застој.
Во понеделникот Борел, на прес конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ, најави дека следната рунда преговори Белград Приштина ќе се одржи на 11 мај. Според косовските дипломати Борел ја најавил оваа рунда пред да добие потврда од официјална Приштина, што предизвика тензија на релација ЕУ-Косово.
Денешната посета на косовксиот премиер би требало да се искористи да се испеглаат овие разлики, во исчекување на потврда на нова рунда преговори и датум за нејзино одржување.