Косово воведе нови санкции кон Русија и Белорусија

Парламент во Косово/Фото: ЕПА

Косовската влада одлучи денеска да го прошири пакетот на економско-финансиски санкции кон Русија и Белорусија, поради руската агресија врз Украина и белоруската улога во таа агресија.

Новите мерки, усвоени на денешната седница на Владата на Косово, предвидуваат замрзнување на средствата на санкционирани лица, забрана на патување во и преку Косово и забрана на транспорт на стоки во земјата од тие две држави.

Косовскиот вицепремиер, Бесник Бислими, образложувајќи ја одлуката, на денешата владина седница рече дека на овој начин Приштина „останува на линија со западните сојуници” кога се во прашање мерките кон Русија и Белорусија.

Бислими напомена дека Косово е меѓу првите земји во светот кои воведоа санкции кон Русија поради нејзината агресија врз Украина.

Приштина воведе санкции и кон „неинкорпорираниот приватен воен ентитет Група Вагнер”, чие седиште е во Русија, со образложение дека „актвностите на тој ентитет се во спротивност со меѓународните закони”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот