Косово преку Институт ќе ги истражува злосторствата од последната војна

Тимот „ќе ги идентификува и добрите споредбени практики и ќе ги одрази елементите и специфичностите кои можат да се применат во случајот на Косово”.

 Вршителката на должност министер за правда на Косово, Албулена Хаџиу потпиша денеска одлука за формирање работна група која ќе изготви анализа за основање Институт за истражување на злосторствата извршени за време на војната во Косово во 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата преку својата страница на Фејсбук ја објави самата Хаџиу, наведувајќи дека задача на групата ќе биде „да изготви аргументирана студија за основање механизам кој ќе се занимава со истражувањето на злосторствата извршени за време на војната во Косово”.

Исто така, вели Хаџиу, тимот „ќе ги идентификува и добрите споредбени практики и ќе ги одрази елементите и специфичностите кои можат да се применат во случајот на Косово”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот