Косово побара помош од ЕУ за ослободување на заробеник осомничен за воени злосторства

Косовските власти ја повикаа Европската унија да влијае за ослободување на Косовец кој патувал од Швајцарија кон Косово. Тој бил запрен од српската полиција.

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово објави дека Србија го ослободила државјанинот на Косово, Агим Ѓоцај, но косовските власти бараат ослободување на другиот уапсен граѓанин во Србија, Незир Мехметај  кој е во притвор веќе десет месеци.

„Ѓоцај беше флагрантно уапсен пред околу две недели за време на неговото транзитно патување низ територијата на Србија, додека другиот косовски државјанин, Незир Мехметај, продолжува да биде неправедно притворен веќе десет месеци“, се вели во коминикето на Министерството за надворешни работи на Косово.

„Ваквото однесување е во спротивност со основните човекови права, договорот за слободно движење постигнат во Брисел во 2011 година и во целосна повреда на духот на договорот за обврските на Вашингтон за економска нормализација“, се вели во соопштението.

Обвинителството во Белград поднело обвинение против Н.М., врз основа на „основано сомнение дека сторил кривично дело: воени злосторства против цивилното население, во периодот јуни-јули 1999 година“.

Косовските власти ја повикаа Европската унија да влијае на неговото ослободување. Мехметај патувал од Швајцарија кон Косово кога бил запрен од српската полиција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот