Коронавирусот повторно се шири во Нов Зеланд, потврдени нови 12 позитивни случаи

Нов Зеланд за време на Ковид-19 пандемијата/ Фото: Профимедиа

Новозаландските здравствени власти денеска информираа дека по тримесечно затишје, коронавирусот повторно почнал да се шири низ земјата. Премиерката Џасинда Ардерн во текот на денот ќе каже дали ќе бидат продолжени вонредните мерки во Оукленд.

Здравствените власти соопштија дека се регистрирани нови 12 случаи на Ковид-19, кои се поврзани со истиот случај од пред два дена, меѓу членови на едно семејство во Оукленд. Властите велат дека вирусот бил донесен од странство и истражуваат како дошол до семејството во Оукленд.

Министерот за здравство Крис Хипкинс изјави дека со тестирање на геноми на најновиот вирус, утврдено е дека тој дошол од Велика Британија или Австралија, но допрво треба да се утврди на кој начин стасал до заразеното семејство. Тој ги отфрли шпекулациите на некои експерти дека вирусот „тивко се ширел низ Оукленд со недели наназад”, посочувајќи дека постојат сигурни докази дека таа претпоставка не е точна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот