Коронавирусот ги принуди луѓето да користат „инвентивни“ начини на поздравување (ФОТО)

Фото: EPA/PRESIDENCY

Додека бројот заболени и починати од новиот коронавирус сè повеќе расте, сè повеќе луѓе, меѓу кои и славни личности, го промовираат новиот поздрав – потчукнување со лактите.

Здравствените власти, но и лидерите и државниците постојано повикуваат луѓето да избегнуваат ракувања, пријателски бакнежи, прегрнувања и слични секојдневни начини на општење. Се чини, најсоодветна замена за тоа е поздравот со лактите.

Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

И претставникот на мисијата на Светската здравствена организација во Кина, Брус Ејлворд дава свој пример за тоа. На прес-конференција, тој на подадена рака од новинар, одговори со подаден лакт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:

Коронавирусот ги менува традиционалните и верските обичаи ширум светот

Не е некултурен, само внимателен: Нетанјаху повеќе не се ракува со поддржувачите

Џонсон не е загрижен од коронавирусот: Јас се ракувам

Ракување, ама со нозе: Коронавирусот принуди политичари во Африка на необичен поздрав

Без ракување – играчите на Бенфика и Ливерпул се поздравуваа со ЛАКТИ! (ВИДЕО)

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот