Коњуфца ја поништува одлуката на Пацоли – ќе врати 14 косовски конзули во земјата

Новиот министер за надворешни работи на Косово Глаук Коњуфца одлучи да ги поништи одлуките на неговиот претходник Беџет Пацоли, за кои тврди дека се незаконски, за именување на конзули во десетина држави во светот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата Коњуфца ја објави на својата страница на Фејсбук, каде што ги соопшти и имињата на 14-те конзули кои биле именувани кон крајот на мандатот на претходната влада на премиерот Рамуш Харадинај.

Шефот на косовската дипломатија вели дека одлуката за поништување на незаконските именувања ја донел согласно соодветните одредби на Уставот, Законот за државната администрација и Законот за надворешна служба на Република Косово.

Со одлуката на Коњуфца во земјата се враќаат косовски конзули од Австрија, Албанија, Црна Гора, Бугарија, Германија (четворица), Австралија, Обединетите Арапски Емирати (двајца), Чешка, Соединетите Американски Држави и Катар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот