КОНТУРИ, ДОЦРТУВАЊЕ ВЕЃИ… Одвикнете се од овие популарни шминкерски навики

шминка

Ако сте изгледале стотици видеа на Јутјуб или Инстаграм и мислите дека веќе сте експерт во шминкање, не се лажете толку лесно.

Голем број од тие трендови не се применливи во реалноста, а и многу е веројатно дека се работи за производи кои се спонзорирани од одреден бренд.

Поради тоа, шминкерите советуваат да ги избегнувате следните грешки:

1. Престанете да ги доцртувате веѓите. Обликувајте ја вашата природна форма и истакнете ја бојата доколку тоа е потребно. Во спротивно, излегува дека сте вечно налутени, судејќи по обликот на модерното цртање на веѓите.

2. Користете што помалку шминка. Нанесувањето на прајмер, пудра, коректор, пудра за контури, хајлајтер и пудра во прав е премногу за вашето лице и може да се случи за кратко време да треба да посетите дерматолог.

3. Заборавете на контурирањето. Секој обид да се направи визуелно поинаков облик може да го измени вашиот изглед, на кој луѓето околу вас се навикнати. Некогаш, може да се постигне и доста лош изглед, па затоа е подобро да го најдете мејкап стилот кој одговара на вашиот облик на лицето.

4. Не обидувајте се да ја изедначите бојата на лицето со бојата на кожата на вратот. Вратот е секогаш посветол. Најдобро е да ја изедначите бојата на лицето и деколтето, без да користите премногу покривни пудри.

5. Кога брзате некаде, не испробувајте нови производи или техники. Оставете го експериментирањето за денови кога имате повеќе време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот