Контроверзниот тајландски крал ја помилува својата љубовница (ФОТО)

Profimedia

Контроверзниот крал Маха Ваџиралонгкорн (68), познат и како Рама Х, од почетокот на пандемијата на коронавирусот го напушти Тајланд и живее во луксузен хотел во германски Гармиш-Партенкирхен заедно со своите 20 конкубини и најблиски соработници.

Како што пренесува германски „Билд“, од неодамна во хотелот пристигнала и Сининати Вонгваџирапакди (35), која лани беше именувана за „кралска партнерка“, но набрзо потоа беше лишена од сите титули. Таа лани ја доби „престижната“ титула по повод одбележувањето на роденденот на кралот.

Profimedia

Обвинета дека сака да стане кралица

Сининати се школувала за пилот на Тајланд и во странство, потоа служела во кралската единица на телохранители, а во 2019 година добила чин генерал-мајор. Меѓутоа, по три месеци ѝ биле одземени титулите и била обвинета за нелојалност и наводна намера да ѝ ја преземе позицијата на кралицата.

Наводно, набрзо потоа таа била сместена во максимално обезбедениот затвор во Банг Кванг, иако тоа не може да се потврди.

На фотографиите е 34-годишната Синенад во воена униформа како пилотира со авион и како пука со пиштол/Profimedia

Меѓутоа, во петокот била ослободена од затвор, по што одлетала со приватен авион за Германија. Во саботата наутро, кралот Маха, наводно, ја пречекал на аеродромот во Минхен.

– Откако на својата љубовница и даде титула и со признавањето на кралска полигамија за првпат во последните сто години, Ваџиралонгкорн испрати политички сигнал – тој има за цел да владее како апсолутен монарх, како што тајландските кралеви го правеле тоа во минатото. Од друга страна, со изненадното одземање на статусот на својата љубовница само три месеци подоцна, тој исто така ја сигнализира својата моќ – сака Тајланѓаните да знаат дека тој има моќ и дека може да ги сруши само затоа што тој така би посакал, без никој да му застане на патот – изјавил за „Индепендент“ историчарот Ендрју Макгрегор Маршал.

Во самоизолација со конкубини

Пред неколку месеци Вајиралонгкорн се самоизолираше во луксузен хотел во Гармиш-Партенкирхен на Алпите, заедно со придружбата.

Profimedia

Тој го „букираше“ хотелот со 4 ѕвезди, откако добил „посебна дозвола“ за да го направи тоа.

Придружбата на 67-годишниот крал вклучува и харем од 20 конкубини и многу слуги. Не е познато дали и неговите четири жени живеја во хотелот со останатите.

Profimedia

Германски „Билд“ пренесе дека кралот и неговата придружба го резервирале целиот четврти кат на хотелот, кој исто така вклучува и „соба за задоволство“.

Сите хотели во тој регион беа затворени поради коронавирусот, но портпаролот на локалниот дистрикт изјавил дека „Grand Hotel Sonnenbichl“ е исклучок бидејќи „гостите се хомогена група луѓе кои никаде не излегуваат“.

Кралот всушност не побегнал од својата земја заради ширењето на коронавирусот, туку се затекнал во Германија во екот на пандемијата, па одлучил извесно време да не се враќа во својата татковина.

Profimedia

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот