Контроверзниот Дутерте се откажа, повлечена кандидатурата за сенаторските избори

Родриго Дутерте / Фото: Архива на Слободен Печат

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте ја повлече својата кандидатура за сенаторските избори во 2022 година, соопшти денеска изборната комисија, пренесува Ројтерс.

„Претседателот ја повлече својата кандидатура“, соопшти комисијата и потсети дека Дутерте кандидатурата за сенаторските избори ја поднел пред точно еден месец.

Бидејќи Уставот не му дозволува на Дутерте (76) повторно да се кандидира за претседател, неговата кандидатура за сенатор беше оценета како маневар за останување во политиката.

Имаше гласини дека ќерката на Дутерте ќе се кандидира на претседателските избори со цел да го заштити својот татко од евентуално гонење поради неговата поврзаност со шверцери на дрога.

„Влезете им дома и вакцинирајте ги додека спијат“, нова контроверзна изјава на Дутерте

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот