Ќерката на Дутерте се кандидира за потпретседател на Филипините

Дуерте и неговата ќерка
Претседателот на Филипините, Родриго Дутерте и неговата ќерка/ Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN

Ќерката на филипинскиот претседател Родриго Дутерте, Сара, ја поднесе својата кандидатура за потпретседател на земјата за изборите во 2022 година, соопшти денеска Изборната комисија на земјата, пренесува Си-Ен-Ен.

Комисијата на Фејсбук соопшти дека кандидатот на партијата Лакас-ЦМД се откажал од кандидатурата и ѝ ја отстапил на Сара Дутерте-Карпио.

Одлуката на Дутерте-Карпио да се кандидира за потпретседател на Филипините е изненадување бидејќи цела година се шпекулираше дека повеќе сака да се кандидира за претседател, јавија локалните медиуми.

На Родриго Дутерте (76) Уставот му забранува повторно да се кандидира за шестгодишен мандат, а минатиот месец соопшти дека се повлекува од политиката.

Изборите на Филипините, земја со 110 милиони жители, ќе се одржат во мај следната година.

„Влезете им дома и вакцинирајте ги додека спијат“, нова контроверзна изјава на Дутерте

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот