„Влезете им дома и вакцинирајте ги додека спијат“, нова контроверзна изјава на Дутерте

Родриго Дутерте / Фото: Архива на Слободен Печат

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте сугерира еден нов, невообичаен и контоверзен начин за да ги вакцинира луѓето кои се уште не сакаат да примат вакцина против коронавирусот. Тој тврди дека тие луѓе треба да се вакцинираат додека спијат.  

„Знам дека многумина се уште не сакаат да се вакцинираат и тие ни претставуваат проблем. Затоа, да влеземе во нивните куќи и да ги вакцинираме додека спијат. Крај на приказната”, предложи Дутерте во телевизиско обраќање, велејќи дека ќе „води акција“ против тие лица, пренесува Тасс.  

Тој посочи дека покрај имунизацијата, важно е да се носат маски и да се одржува социјална дистанца, бидејќи само тие мерки можат да го спречат ширењето на вирусот во земјата.  

Скоро 50 милиони дози на вакцини против коронавирусот од различни производители се дадени на Филипините досега. Повеќе од 23 милиони луѓе се целосно имунизирани, а властите се надеваат дека ќе имунизираат до 70 милиони од 111,5 милионите жители до крајот на годината. 

Тој побара затворски казни за оние кои не се придржуваат кон карантин  

Дутерте претходно повика на донесување закон со кој ќе се дозволи затворска казна за оние што го прекршуваат карантинот. Тој, исто така, рече дека учесниците во масовните настани треба да одат во затвор. 

На почетокот на јуни, Дутерте рече дека оние кои се позитивни на вирусот, а ги прекршуваат мерките, заразуваат други и предизвикуваат смрт, ќе бидат обвинети за убиство. 

Досега, 2,67 милиони луѓе се заразени со ковид-19 на Филипините, од кои околу 39,600 починале. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот