Конте: Нема целосен карантин, но можно е воведување на „црвени зони“

Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави за весникот „Ла Стампа”  дека Владата не предвидува воведување нов карантин за целата национална територија, како што беше случај за време на екот на пандемијата на ковид-19, но дека е можно да се воведат „црвени зони” каде што е потребно.

Нешто слично веќе воведоа властите на градот Џенова, каде историскиот центар воведе обврска да се носат заштитни маски во текот на целиот ден, без оглед на физичката оддалеченост.

Новата мерка на локалните власти ќе биде на сила се додека не се подобри епидемиолошката состојба.

Регистрирани се 63 нови случаи на инфекција со ковид-19 за само еден ден, во стариот дел на градот Џенова, а половина од заразените се странски државјани.

– Ја презедовме оваа мерка затоа што се покажа дека носењето заштитни маски обезбедува значителна заштита. Очекуваме соработка на сите граѓани, рече градоначалникот на Џенова, Марко Бучи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот