Конте: ЕУ ризикува да не биде конкурентен и еластичен глобален играч

Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска оцени дека поради кризата предизвикана од епидемијата Ковид – 19 неопходно е да се „ажурира” дебатата за видот на Европската унија, што ќе овозможи зачувување на столбовите како што се единствениот пазар и Шенгенот, но и основните принципи како што е солидарноста.

– Треба да ги заштитиме принципите и столбовите на Европската унија каква ја знаеме со децении и да сфатиме дека без натамошна интеграција, ЕУ ризикува да не биде конкурентен и еластичен глобален играч, рече Конте за италијански Еурактив.

Тој додаде дека има проблеми што бараат придонес на сите членки и дека оваа криза потврдува дека тие веќе не можат да се одложуваат во името на „минималистичкиот” пристап кон Европа.

Конте се осврна и на иднината на Европа и го поддржа завршувањето на економската и монетарната унија инспирирана, како што рече, „со целосен баланс помеѓу одговорноста и солидарноста”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот