КОНКУРЕНЦИЈАТА СИ ГО ПРАВИ СВОЕТО: „Панасоник” веќе нема да произведува чипови

Управата на јапонскиот електронски гигант „Панасоник” објави дека прекинува со производство на полупроводници поради интензивната конкуренција од Кина и Јужна Кореја.

Од истата причина, донесена е одлука да се продаде тајванската филијала на компанијата – Panasonic Semiconductors Solutions; Nuvoton по цена од 250 милиони долари.

Потегот означува крај на легендарниот јапонски бизнис од 1980-тите и 1990-тите, кога Панасоник беше глобален производител и двигател на иновациите во производството на чипови.

Панасоник како целина предвидува пад на оперативната добивка од 27 отсто. Покрај тоа, челниците на Панасоник минатата недела најавија дека производството на панели со течен кристал ќе заврши до 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот