Коневски: Мијалков не сака да се меша во политиката, основач е на партијата и има право да е загрижен

Христијан Мицкоски одбива да се соочи соделегатите кои го избраа на нов вонреден конгрес, бидејќи ќе го чека редовниот конгрес следната година за да може да избере свои делегати, рече поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски на 360 Степени, кој е дел од иницијативниот одбор за промени на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на прашањето дали зад нив стои екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, Коневски одговара:

„Мијалков нема лидерски амбиции и не сака да се меша во политиката, туку јавно настапува, бара одговорност и вонреден конгрес. Сепак, тој е еден од основачите на партијата, има право да биде загрижен. На крајот, тој го поддржа Мицкоски да биде лидер и затоа не е чесно тој да се однесува дискредитирачки до сите што му ја дадоа поддршката…“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот