Конечно е откриено што му ветил ПСЖ на Мбапе за да потпише нов договор

фото: EPA-EFE/Yoan Valat

Сагата околу иднината на Килијан Мбапе заврши така што францускиот напаѓач потпиша нов договор со ПСЖ иако сите медиуми претходно објавија дека тој ќе се пресели во Реал Мадрид.

Мбапе пред неколку месеци потпиша нов тригодишен договор со ПСЖ со што ќе заработи околу 300 милиони евра.

Во медиумите се појавија информации дека Мбапе со новиот потпис добил претседателски овластувања, односно тој да го има последниот збор при носењето на нови тренери и играчи во тимот, како и за заминувањето на фудбалерите од екипата, а денеска неделникот „Журнал Д Диманш“ открива што се случувало на „Паркот на принцевите“ пред потписот на новиот договор со напаѓачот.

Првиот услов на Мбапе бил заминување на спортскиот директор Леонардо кој се противел на давањето на големи овластувања на напаѓачот, а згора на тоа тој имал големо влијание на фудбалерите од Јужна Америка кои се предводени од Нејмар.

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи му ја исполнил желбата на Мбапе и на местото на Леонардо го постави Луис Кампос кој е добар пријател со фудбалерот.

Мбапе и Кампос заедно работеа во Монако. Покрај него, Мбапе барал во тимот да пристигне уште еден човек на кој може да му ветува и нов директор за комуникации стана Жулиен Мејнар.

Мбапе исто така барал гаранции за спортскиот проект на клубот. Управата му ветила дека нов партнер во нападот ќе му биде Роберт Левандовски и екипата ќе игра во формација 4-4-2 и дека Нејмар ќе го напушти клубот.

Оваа работа требаше да ја заврши менаџерот Пини Захави, но работата пропадна поради големата желба на Полјакот да игра во Барселона.

ПСЖ се обиде во своите редови да ги доведе стоперот на Интер, Милан Шкринијар и играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва, но и двата трансфери не беа реализирани, поради што спортскиот директор Кампос смета дека преодниот рок е лошо одработен.

Но, тука не бил крајот на ветувањата кон Мбапе. Ал-Келаифи му ја исполнил желбата на фудбалерот сам да си ја одредува позицијата на теренот и на тренерот Кристоф Галтие му беше наложено Мбапе да игра по левата страна во нападот на ПСЖ.

Кога Мбапе се најде на десното крило против Монпелје во второто коло од Лига 1, настана хаос на теренот, тој револтиран од одлуката на тренерот Галтие, му ја зеде топката од рацете на Нејмар и изведе пенал кој го промаши.

По натпреварот конфликтот меѓу Мбапе и Нејмар се пресели на социјалните мрежи, но набрзо се се смири, додека тренерот Галтија се извлече само со опомена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот