КОНЕЧНАТА ПОНУДА НА ЏОНСОН: Британскиот премиер го подготви последниот предлог за Брегзит!

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон денеска ќе ја објави конечната понуда за договорот за Брегзит, но и ќе му соопшти на Брисел дека освен ако ЕУ не се согласи, Велика Британија нема понатаму да преговара и ќе ја напушти Унијата на 31 октомври без договор.

Џонсон во завршниот говор на годишната конференција на конзервативците рече дека ќе соопшти детали за понудата, за која смета дека е фер и одговорна.

Во соопштение кое неговиот кабинет го објави доцна синоќа, се наведува дека Џонсон „под никакви околности“ нема да бара одложување на Брегзит на претстојниот самит во Брисел на 17 и 18 октомври.

Британскиот весник „Телеграф“ објави дека според новиот план, Северна Ирска ќе остане во посебен однос со ЕУ до 2025 година, по што Белфаст ќе одлучи дали ќе остане во Унијата или ќе се врати на британските правила. Предвидено е и покраината да ја напушти царинската унија на ЕУ заедно со Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот