Комуналците работеа и додека маратонците трчаа

За време на одржувањето на петнаесеттото јубилејно издание на спортската манифестација „Скопски Виз Ер маратон“ ЈП „Комунална хигиена“-Скопје со 35 работници на терен континуирано ја одржуваше чистотата и хигиената на маршрутата на големата трка од 42 км, што се протегаше низ целиот град – од населбата Аеродром до населбата Хром.

Континуирано чистење се одвиваше и во реонот на Градскиот плоштад и паркот „Жена борец“, на почетната точка на маратонската трка од пет километри.

По завршувањето на маратонот, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје продолжија со активностите за комплетно отстранување на сите отпадоци, чистење и машинско миење на скопските булевари и улици. Од механизацијата се употребуваа три автоцистерни, три патарки, две пјаџа и четири метларки.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот