Комшиќ: Нема да се остварат соништата на кафекуварката на Мира Марковиќ

Фото: Принтскрин

Вулин пред два дена на собир по повод 13-годишнината од Движењето на социјалистите чијшто лидер е самиот, рече дека задачата на оваа генерација политичари е создавање на српски свет – што ќе ги обедини Србите секаде каде што живеат

Жељко Комшиќ, кој ја презеде должноста на претседавач на Претседателството на БиХ, изјави дека никогаш нема да се остварат целите што ги изнесе министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин за „создавање на српски свет“.

„Никогаш нема да бидат остварени соништата на кафекуварката на Мира Марковиќ“, изјави Комшиќ за Вулин на Н1 Сараево.

Вулин пред два дена на собир по повод 13-годишнината од Движењето на социјалистите чијшто лидер е самиот, рече дека задачата на оваа генерација политичари е создавање на српски свет – што ќе ги обедини Србите секаде каде што живеат. Тој го повика претседателот на Србија Александар Вучиќ да ја преземе улогата на претседател на сите Срби.

Министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ, побара од Вучиќ да се огради од оваа изјава на Вулин.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот