Колку чини нова зграда – но не во пари, туку во вода?

Белград, Србија
Фото: МИА

Според податоците на Републичкиот завод за статистика (РЗС), во Србија во 2021 година се изградени речиси 29.000 нови станови. За подобро да се разбере за каква бројка станува збор – треба да се каже дека тоа е зголемување од цели 150 отсто во однос на пет години претходно, кога во 2016 година таа бројка изнесуваше нешто повеќе од 11.000 станови.

Новата градба создава различни видови на притисок врз животната средина – меѓу другото и врз водата, анализира Данас рс. А таа приказна е многу поголема отколку што може да изгледа на прв поглед.

Имено, користењето на водата е сложен процес: иако еден Белград е изграден на местото на средбата на две големи реки, тој може (и е) загрозен кога станува збор за водоснабдување, што вклучува достапност на вода, нејзино вадење и преработка, индивидуална потрошувачка и прочистување. И бидејќи растот на урбаните области е глобален факт, како и сè почестите последици од климатските промени, како што е катастрофалната суша во летото 2022 година, правилната и одржлива употреба на водата ќе стане сè поважна тема во текот на 21 век.

Целта на истражувачката група на Империал колеџ во Лондон, е систематски да се справиме со овој комплексен проблем. На пример, во Лондон, за да се спречи оптоварувањето на водоводниот систем што ќе се создаде само со новата градба што е во моментов планирана, потребно е не само сите нови домови да бидат опремени со современи методи за управување со водите (рециклирање на дождовница, дизајнирање зелени површини, ефикасни домашни апарати…) но на ист начин да се опреми уште 432.000 постоечки домови. Дури тогаш сметката за вода е „на нула“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот