Колкава казна треба да плати „Црвена јабука“ за концертите во Белград и непочитување на препораките?

Instagram

Дури два концерта одржа „Црвена јабука“ во белградската арена Комбанк, поради што реагираше и премиерката Ана Брнабиќ, а сега стигнаа и паричните казни, за непочитување на епидемиолошките мерки, иако, според медиумите, концертите биле одржувани со посебни протоколи.

Иако на влезот на посетителите им била мерена температура, капацитетот на публиката бил намален и публиката држела дистанца, колку може, белградската комунална полиција врз основа на Законот за заштита на населението од заразни болести, издала прекршочни налози за непочитување на епидемиолошките мерки при одржување на концертот на „Црвена јабука“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Crvena Jabuka (@crvenajabukaofficial)

За правното лице е изречена казна од 150.000 денари, за одговорното лице 25.000 денари, а по 15.000 денари за секој ковид-редар.

По реакцијата на медиумите и српската премиерка, се огласи и бендот на службената фејсбук-страница каде што напиша:

Им благодариме за сите посетители што со почитување на сите епидемиолошки мерки присуствуваа на нашите концерти во арената Комбанк и на поддршката од колегите!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот