Колинда од Израел: Босна е нестабилна земја која е под контрола на милитантниот ислам – Слободен печат
ВестиРегион

Колинда од Израел: Босна е нестабилна земја која е под контрола на милитантниот ислам

Таа вели дека разликува мигранти од бегалци, дополнувајќи дека Хрватска е подготвена да пружи азил на бегалците.

Хрватската претедателка Колинда, при својата посета на Израел, изјави дека Босна и Херцеговина е нестабилна земја под контрола на милитантниот ислам.

Како што пренесува хрватскиот портал Индекс, за време на тродневната посета на Израел, Грабар-Китаровиќ, изјавила и дека Хрватска трпи поради мигрантскиот проблем кој, како што оценува, не е сличен со проблемот во поголемиот дел од Европа.

Таа вели дека разликува мигранти од бегалци, дополнувајќи дека Хрватска е подготвена да пружи азил на бегалците, но мигрантите кои бараат подобар начин на живот мора да ги почитуваат меѓународните граници. Мигрантите не сакаат да останат во Хрватска, вели Китаровиќ, туку се обидуваат да стасаат до Германија.

Иако речиси сите тврдат дека се сириски бегалци, тие всушност се африкански или пакистански мигранти, кои се обидуваат да се пробијат преку границата во БиХ, за која Грабар-Китаровиќ вели дека е многу нестабилна земја и во одредена смисла ја презеле луѓе поврзани со Иран и со терористички организации.

– Таа земја денес е под контрола на милитантниот ислам, кој е доминантен во одредувањето ставови – истакна Грабар-Китаровиќ, додавајќи дека некои се многу насилни луѓе кои провалуваат во туѓи домови.

– Проблемот е во тоа што бегалците се занемаруваат – вели Грабар-Китаровиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close