Колегите од кабинетот го изненадија Османи со торта „ОБСЕ“ за роденденот

Фото: Бујар Османи / Фејсбук

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук објави дека по повод 43-от роденден, кој тој го прослави вчера, бил пријатно изненаден од најблиските соработници во Кабинетот.

Тој утрово добил торта со натпис „ОБСЕ“, во чест на претседавањето на Македонија со оваа организација 2023 година.

Фото: Бујар Османи / Фејсбук

„Убаво, скромно, изненадување од Кабинетот за мојот роденден. Вистински избор колеги: и како роденденска желба, за годината пред нас, посакувам успешно претседавање со ОБСЕ 2023. И да, благодарам за изненадувањето, напиша министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот