Колеги се тепале на полноќ на паркинг на скопско јавно претпријатие

Фото: МИА

Двајца вработени во јавно претпријатие во Скопје се степале ноќеска околу полноќ на паркингот на претпријатието, соопшти полицијата.

„На 23.09.2022 во 00.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор во јавно претпријатие на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу вработените Г.Н.(46) и Н.Ш.(42), двајцата од Скопје“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, ќе следи соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот