Кокаин препродавале за 4000 денари за грам, марихуана 500 денари за грам – истрага за препродавање дрога

Кокаин, марихуана и куршуми за пиштол биле најдени при претреси во акција на Министерството за внатрешни работи и обвинителството за гонење на организиран криминал на повеќе локации низ Скопје, но не се соопштува колкава количина дрога била запленета.

Предистражната постапка траела неколку месеци, а истрага е отворена против четири лица за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик, а еден од осомничените сторил и кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од чл.396 ст.3 од Кривичен законик. Тие се здружиле, кокаинот го продавале по 4000 денари за грам, а марихуаната 500 денари за еден грам.

-Осомничените од февруари до октомври годинава се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога-кокаин и наркотична дрога – марихуана. За таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластената продажба на наркотичната дрога така што првоосомничениот неовластено ја набавувал, ја пренесувал и сокривал на безбедна локација на подрачје на Скопје. Потоа дел од неовластено набавената наркотична дрога ја предавал на останатите осомничени лица кои секој посебно преземал дејствија за неовластена продажба, продавајќи ја по 4.000,оо денари за 1 грам кокаин и по 500,оо денари за 1 грам марихуана – соопшти Обвинителството.

Обвинителството бара притвор за сите осомничени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот