Кои се најсмртоносните земјотреси на 21 век?

Земјотрес Турција/ Фото: Depo Photos/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Земјотрес со интензитет од 7,8 степени по Рихтер ги погоди вчера Турција и Сирија, при што загинаа најмалку 4.000 луѓе во двете земји. Се очекува бројот на жртвите да продолжи да расте додека спасувачите извршуваат операции во тешки временските услови, ниски температури и снег за да извлечат луѓе затрупани под урнатините.

Некои од најсмртоносните земјотреси во светот од 2000 година:

22 јуни 2022 година: Во земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер загинаа повеќе од 1.100 луѓе во Авганистан.

14 август 2021 година: Во земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер загинаа повеќе од 2.200 луѓе на Хаити.

28 септември 2018: Земјотрес со јачина од 7,5 степени во Индонезија – 4.300 жртви.

25 април 2015 година: Во Непал, повеќе од 8.800 луѓе загинаа во земјотрес со јачина од 7,8 степени.

11 март 2011 година: Земјотрес со јачина од 9 степени во близина на северниот брег на Јапонија предизвика цунами во кое загинаа речиси 20.000 луѓе.

12 јануари 2010: Во земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала на Хаити загинаа околу 316.000 луѓе, според владините проценки.

12 мај 2008: Земјотрес со јачина од 7,9 степени ја погоди централната кинеска провинција Сечуан, при што загинаа повеќе од 87.500 луѓе.

26 мај 2006 година: Повеќе од 5.700 луѓе загинаа по земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала што го погоди индонезискиот остров Јава.

8 октомври 2005 година: Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала уби повеќе од 80.000 луѓе во пакистанскиот дел на Кашмир.

28 март 2005 година: Земјотрес со јачина од 8,6 степени во Северна Суматра, Индонезија – околу 1.300 жртви.

26 декември 2004: Цунами бранови во Индискиот Океан предизвикани од земјотрес со јачина од 9,1 степени во Индонезија убиле 230.000 луѓе во десетици земји.

26 декември 2003 година: Земјотрес со јачина од 6,6 степени во југоисточен Иран уби 50.000 луѓе.

21 мај 2003 година: Повеќе од 2.200 луѓе загинаа во земјотрес со јачина од 6,8 степени во Алжир.

26 јануари 2001 година: Земјотрес со јачина од 7,7 степени ја погоди индиската држава Гуџарат, при што загинаа 20.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот