Кога е вистинско време за кафе? Научниците развиваат апликација која ќе ни каже како да останеме будни со малку кофеин!

Луѓето кои не можат без кофеин сметаат деак секое време од денот е идеално за пиење кафе, но новата студија која ја направила американската војска покажува дека не е сеедно кога ќе се внесе кофеинот во организмот, особено ако сакате да ве разбуди.

Научниците од војската на САД развиле алгоритам со кој н секој поединец му дава препорака кога е време за конзумирање кофеин, со цел да внесе мала доза на кафе, а да постигне максимално ниво на будност – пренесува „Science Dialy“.

Студијата покажува дека овој алгоритам на луѓето им го зголеми нивото на будност и подготвеност за 64 отсто и тоа без конзумирање повеќе кофеин од претходно. Покрај тоа, студијата заклучила дека и со помош на смислен распоред за уживање во кафето и правилно дозирање потрошен кофеин може да се намали на 65 отсто, а будноста кај поединци да остане на високо ниво.

Алгоритамот зависи од способноста за прецизно предвидување за тоа како поединец реагира на недостаток на сон и како реагира на кофеин – објаснил коавторот на студијата – Жак Рифман, научник од американската војска.

Еднаш кога алгоритамот ќе открие како некој реагира на недостаток на сон и недостаток на кофеин, тој создава илјада предлози за најдобро време на внесување кофеин – објаснил Рифман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот