Книжевен превод: Вториот дел од „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е достапен и на македонски јазик

Македонскиот превод на вториот, како и на првиот дел на романот „Солунска 28“ на популарниот д-р Неле Карајлиќ, го објави „Арс либрис“, дел од „Арс ламина ‒ публикации“.

Приказната е замислена како трилогија со фокус на различните генерации од едно семејство, кое живее на улицата „Солунска 28“ во Белград, а целата сага почнува уште на крајот на 19 век. Вториот дел е со поднаслов „За пријателството и за предавството“.

Двата дела на „Солунска 28“ влегуваат во жанрот историска фикција и авторот посочува дека во текот на пишувањето на делата многу истражувал за тие временски периоди со цел да ги направи романите интересни за читателот. Првиот дел почнува на крајот на 19 век и трае сè до Првата светска војна, а дејството во вториот дел е сместено во Втората светска војна.

Доктор Неле Карајлиќ е роден во Сараево во 1962 година како Ненад Јанковиќ. Основач, композитор, текстописец и фронтмен е на групата „Забрањено пушење“, како и на „Но смокинг оркестра“; сценарист и глумец во „Топ листа надреалиста“ и писател на повеќе дела, како „Фајронт во Сараево“ и двата дела на „Солунска 28“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 46, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 28-30 август 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот