Книгата „Вертикали на македонската книжевност“ од Љубинка Донева содржи шеснаесет критички есеи

Насловна страница на книгата

Шеснаесет критички есеи посветени на поетски и прозни дела од македонски автори се објавени во книгата „Вертикали на македонската книжевност“ на Љубинка Донева. Кон избраните дела Донева им пристапува со ерудиција на зналец и со префинето чувство за јазикот и книжевното ткиво на некој кој и самиот е автор. Книгата е во издание на „Восток“.

Користејќи завиден современ книжевно-теориски инструментариум и изострен херменевтички и културолошки осет, Донева ги става избраните дела и автори во контекст на современата европска и светска книжевност.

Есеите се однесуваат на дела од авторите Михаил Ренџов, Ристо Јачев, Благој Самоников, Виолета Танчева-Златева, Иван Василевски, Веле Смилевски, Ефтим Клетников, Ѓорѓи Абаџиев, Оливера Николова, Атанас Вангелов, Јагода Михајловска-Георгиева, Гоце Смилевски, Михајло Свидерски, Владимир Илиевски и Стефан Марковски.

– Во книгата присутно е едно длабоко и сеопфатно навлегување во суштината на текстови што на своевиден начин отсликуваат состојби, размисли и насоки, поврзани со современата еволуција и на поединецот и на групи и на целото национално битие и пошироко. Станува збор за уметнички текстови, кои во себе носат содржини кои се универзални и кои носат токму такви пораки, а преку овие исчитувања им е дадена вистинската вредност што ја заслужуваат – посочува магистерот по книжевност Доне Донев.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 192, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 19-20.8.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот