Клоп и Пеп се толку различни, а во исто време и најдобри тренери во светот

фото: твитер

Фудбалерот на Манчестер сити, Илкај Гундокан смета дека дека Јирген Клоп и Пеп Гвардиола се различни типови на тренери но имаат нешто заедничко – тие се најдобри на светот.

Германскиот репрезентативец четири години работеше заедно со Клоп во Борусија Дортмунд, а од 2016 година во Манчестер сити соработува со Гвардиола.

– Клоп и Гвардиола се двајцата најдобри тренери на светот. Четири години играв кај Клоп и тоа е тренер кој го сакам. Знае како да создаде неверојатен тимски дух и знае како да ги мотивира своите фудбалеи. Што се однесувца до тактиката, Пеп е неверојатен, тој сака да го знае секој детал од играта. Не сум видел тренери кои тактички се обидуваат да дојдат до совршенство. Имаат различни стилови, но и двајцата се многу успешни. Иако се толку различни, тие се најдобри на светот – вели Гундокан.

Премиер лигата по пауза од три месеци, на 17. јуни продолжува и до крајот треба да се одиграат девет кола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот