Клоп е тренер на годината, сер Алекс ќе му прости за една работа

EPA-EFE/Phil Noble

Менаџерот на Ливерпул е прогласен за најдобар тренер во Премиер лигата за сезоната 2019/20 во изборот на тренерската асоцијација.

Одлуката дека Јирген Клоп ќе биде прогласен за најдобар во Премиер лигата е очекувана, Германецот по 30 години пауза му ја донесе титулата на Ливерпул, а тоа го стори дури на седум кола до крајот и сосема заслужено го добива трофејот кој го носи името сер Алекс Фергусон.

– Јиргене фантастично. Го заслужи ова, игрите на твојата екипа беа неверојатни. Ќе ти простам за тоа што ме разбуди во 3.30 часот наутро за да ми кажеш дека ја освои титулата – му порача легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед.

Воодушевувањето не го криеше ниту самиот Клоп.
– Посебно ми е мило што оваа награда го носи името на човекот на кој му се воодушевувам. Тоа дава посебно чувство, како и податокот дека ова е избор на колегите. Задоволство е да се биде во друштво на сите менаџери на Ливерпул кои ја освојувале оваа награда како Бил Шенкли, Боб Пејсли, Џо Фаган, Кени Далглиш и последниот Брендан Роџерс – истакна 53-годишниот Германец.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот